Најдобриот фудбалер на Арсенал, Алексис Санчез повторно се наоѓа во фокусот на Манчестер Сити.
Иако беше повеќе веројатно дека ќе се одлучи за ПСЖ со оглед на тоа дека беше виден во Париз изминатата недела, Пеп Гвардиола се вклучи повторно во трката по Чилеанецот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што се наведува, целата приказна има повеќе смисла, бидејќи Пеп е подготвен да понуди огромни 76 милиони евра за играч кој од наредното лето би можел да биде слободен играч.
Арсен Венгер би можел да се поколеба од таа понуда, и кога се ќе се собере, секако е подобро сега да заработи поголеми пари, отколку една година да има незадоволна ѕвезда во екипата која понатаму ќе замине бесплатно.
Англиските медиуми тврдат дека Сити ќе се обиде да го убеди Арсенал се до 31. август на полноќ кога и ќе се заврши преодниот рок.
„Сити е убеден дека Арсенал на крајот ќе попушти и ќе биде подготвен да го продаде Санчез, затоа и ќе испрати огромна понуда од 70 милиони фунти, бидејќи единствено тоа може да го натера Венгер да се предомисли“, наведува Мирор.
Исто така, делува дека Сити сега е единствена опција, бидејќи ПСЖ е блиску до договор со Мбапе, а тешко е да се поверува дека по 222 милиони дадени за Нејмар и над 150 милиони за Мбапе ќе има средства тимот за дополнителни трошоци за Алексис.
Не треба да се заборави ниту фактот дека токму Пеп го донесе Санчез од Удинезе, летото 2011. година, кога Барселона го плати 37 милиони евра.