Случајно или не, претседателот на ФС Франција Ноел Ле Грает најави дека Зидан може да го преземе ПСЖ.
Познато е дека ситуацијата на Маурисио Покетино во ПСЖ не е најдобра и веќе некое време се најавува дека Аргентинецот ќе го напушти клубот од Париз на крајот од сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако веруваме на зборовите на Ле Грает на местото на Покетино ќе пристигне Зидан кој е без работа после заминувањето од Реал во 2021 г одина. Зидан некои го гледаа како нов селектор на Франциај, меѓутоа Грает потврди дека има доверба во Дешамп.
„Зидан во Мадрид покажа дека има квалитет. Можеби ќе биде наследник на Дешамп, но тоа не ми е целта. Ќе видиме. Можеби ќе биде ако Дидие крене по друг пат. Денес ви зборувам ќе видиме затоа што Зидан можеби ќе го преземе ПСЖ, а за да ја водите репрезентацијата на Франција морате да биде слободни“, изјави Грает.
Претходно беше најавувано дкеа во Париз се очекуваат и многу промени во играчкиот кадар.