Дома Фудбал Ван Дајк откри што им кажал Клоп на полувремето против Виљареал

Ван Дајк откри што им кажал Клоп на полувремето против Виљареал

Вчера беше одигран одличен натпревар во Виљареал. Домаќинот имаше 2:0 на полувреме, а на крајот изгуби од Ливерпул со 3:0.

„Црвените“ во првото полуфинале славеа со 2:0, а вчера се најавуваа проблеми кога после првите 45 минути во Шпанија губеа со 2:0. Сепак во второто полувреме го кренаа нивото на игра и дојдоа до пресврт и уште една победа. Сега Ливерпул во финалето го чека подобриот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Стоперот Вирџил Ван Дајк на новинарите им откри што им кажал Клоп на полувремето.

„Клоп на полувремето само ни кажа – играјте на начинот на Ливерпул. Покажавме во второто полувреме колку сакаме да бидеме во финале. Бевме доминантни. Тоа беше напорна работа, но мораме да го заборавиме првото полувреме што е можно побрзо. Не смееме да си дозволиме таква игра“, изјави Ван Дајк.

Ќе потсетиме во второто полуфинале Манчестер Сити во првиот натпревар дома го победи Реал Мадрид со 4:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…