Дома Фудбал (Видео) Фалкао продолжи каде што застана, нова победа за Монако

(Видео) Фалкао продолжи каде што застана, нова победа за Монако

Клубот од Кнежеството предводен од препородениот Радамел Фалкао запиша три победи на првите три средби бо француското првенство.

Монако во натпреварот против Мец запиша минимална, но доволна победа за да се искачи на лидерската позиција во првата француска лига.

Одлучувачки фактор во натпреварот повторно беше Радамел Фалкао кој ја затресе мрежата на гостите во 78 минута од средбата.

За Колумбиецот кој игра како препороден на стартот од сезоната ова е веќе петти погодок на три натпревари со што покажа дека игра во одлична форма. Додека од друга страна пак Мец ја продолжи серијата на порази и сеуште нема освоено бод во новата сезона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мореира го разби Интер: Милан со три гола до четврта победа во низа во дербито!

Диего Мореира со гол и две асистенции го предводеше Милан до победа од 3-1 над Интер, кој …