Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел ова лето да ја промени средината, италијанските медиуми пренесуваат дека Де Лаурентис порачал дека нема „недопирливи“ фудбалери и понудите кои ќе стигнат за фудбалерите ќе бидат разгледани.
Најавите се дека Де Лаурентис е незадоволен поради изгубената трка за Скудетото и сака „ремонт“ во играчкиот кадар, па затоа е спремен за промени. Елмас во август 2020 година потпиша нов договор со Наполи кој има важност до 2025 година, а во системот на Спалети има важна улога.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак и покрај тоа не значи дека сигурно ќе остане, се зависи од тоа какви би биле понудите кои ќе пристигнат. „Кориере дело Спорт“ пренесува дека понуда за Елмас веќе има и Де Лаурентис засега, ниту ја одбил, ниту ја прифитил. Одлуката би требало да биде донесена по завршувањето на актуелната сезона.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Наполи Елмас го проценува на 40 милиони евра, а тоа е и повеќе од двојно во однос на износот кој го платија на Фенербахче. Името на клубот кој испратил понуда засега не е објавено.