Раководството на Барселона одлучи во првото коло од Ла Лига против Бетис, фудбалерите на истрчаат во дресови на кои нема да се најдат имињата на фудбалерите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Каталонскиот великан се одлучи на овој потег со цел да се оддаде почит кон жртвите во синоќешниот терористички напад во Барселона.
Клубот доби дозвола од Фудбалскиот сојуз на Шпанија и раководството на Ла Лига, за да ги променат дресовите на кои наместо презимињата ќе стои само називот Барселона.
Исто така, предниот дел од дресот ќе го содржи хаштагот #TotsSomBarcelona, додека мечот ќе стартува со едноминутен молк во чест на жртвите.
Играчите на Барселона покрај дресовите, на своите раце ќе имаат и црни ленти.
Натпреварот помеѓу Барселона и Бетис е закажан за недела од 20:15 на „Камп Ноу“.
