Дома Фудбал Англија Од Ајакс пристигнува новото големо засилување на Тотенхем

Од Ајакс пристигнува новото големо засилување на Тотенхем

Давинсон Санчез денес стана нов член на лондонски Тотенхем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 21-годишен фудбалер во редовите на Спарси пристигнува од Ајакс, а тимот од Амстердам за неговите услуги инкасираше дури 40 милиони евра.

Колумбискиот дефанзивец изминатата година настапуваше за Ајакс. Холандскиот великан изминатото лето го исплати 5 милиони евра, а една година подоцна е продаден за далеку поголема сума.

Санчез со Тотенхем потпиша договор на шест години, а сега се очекува да ги заврши лекарските прегледи и да се официјализира неговиот трансфер.

Покрај Ајакс, Санчез во својата кариера настапуваше и за Атлетик Насионал, додека за репрезентацијата на Колумбија досега одигра само еден меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…