Дома Останати Кошарка МЗТ Скопје се засили со двајца Американци

МЗТ Скопје се засили со двајца Американци

МЗТ Скопје пред новата сезона доби две засилувања. Станува збор за Американците Даниел Џенсен и Брет Бејли, кои во новата сезона ќе го облечат дресот на актуелниот македонски шампион.

Џенсен, кој игра на позицијата крилен центар вторпат ќе има шанса да настапува во Европа, со оглед на тоа дека минатата сезона беше дел од белгискиот тим Лимбург Јунајтед.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За Бејли пак, ова ќе биде прв настап надвор од САД, бидејќи изминатите четири години бил дел од НЦАА-лигата каде настапувал во дресот на Универзитетот Сан Диего.

Пред почетокот на сезоната остои отворена можноста МЗТ и тренерот Тодоров да се засилат со уште нови имиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пркоси на границите на физиката, но и на медицината: Јокиќ ги изненади сите во Торонто (Видео)

Најдобриот кошаркар во светот Никола Јокиќ беше присутен на ноќешната победа на Денвер Наг…