Лигата на шампионите каква што ја познаваме веројатно ќе замине во минатото од сезоната 2024/2025.
Место досегашните 32 клуба во Лигата на шампионите ќе играат 36. Ќе се укинат групите, а на секоја екипа ќе и бидат загарантирани 10 натпревари против 10 различни противници (пет дома и пет на гости). Потоа најдобрите осум клубови ќе се изборат за осминафинале, а пласираните од 9. до 24. место би играле плеј-оф за осминафиналето. Останатите 12 би испаднале од натпреварувањето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај овие промени најавени се промени и во завршницата од натпреварувањето, па така место нокаут фазата би можеле да гледаме фајнл-фор. За ваквата идеја главни заговорници се претседателот на УЕФА Александар Чеферин и претседателот на Асоцијацијата на европски клубови (ЕЦА) Насер Ал Келаифи.
„Лично сметам дека тоа би било навистина добро. Погледнете го само Суперболот. Голем настан на кој луѓето одлично се забавуваат, тоа треба да биде пример и за нашите натпреварувања“, изјави Чеферин во септември минатата година во разговор за „Тајмс“.
Ал Келаифи е негова голема поддршка. Двајцата сакаат да го воведат системот во завршницата, а наводно имаат поддршка и од останатите големи клубови. Според новиот систем нема да гледаме двомеч во полуфиналињата, туку еден град ќе биде домаќин на полуфиналните и финалниот натпревар, односно истиот систем што веќе се практикува во ракометот и кошарката.