Дома Трансфер зона Реал повторно во напад по Де Геа, но сега се чека одговорот на Јунајтед

Реал повторно во напад по Де Геа, но сега се чека одговорот на Јунајтед

Реал Мадрид во текот на преодниот рок се обиде да го доведе Килијан Мбапе, „Кралевите“ сепак се откажаа од талентираниот Французин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неверојатните игри на Марко Асенсио го убедија Зидан дека на Реал не му е потребно засилување во офанзивната линија, но затоа на „Бернабе“ сакаат да видат нов голман. Доколку можеме да веруваме на британските медиуми, ново-стара цел на Реал Мадрид е одличнито голман на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа.

Имено, „Кралевите“ го обновија интересот за шпанскиот голман, а веќе е подготвена нова богата понуда. Реал ова лето не трошеше многу пари, па сега на „Сантијаго Бернабе“ имаат 46 милиони фунти „вишок“ кои планираат да ги потрошат на Де Геа.

Потсетуваме, Реал Мадрид сакаше да го доведе Де Геа и во 2015. година, и беше многу блиску до реализирање на неговиот трансфер. Сепак, тогаш, наводно расипаната факс машина го спречи неговиот трансфер во Реал, а дали дојде времето Мадриѓаните конечно да го доведат одличниот голман на Манчестер Јунајтед во својата екипа ќе дознаеме во следниве неколку денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…