Од 2ри до 6ти Август се одржа 15 сениорско У21 Балканско Пинг-Понгарско првенство во Подгорица. Избраници на Селекторот Миле Петрески беа: Теодор Кировски, Венко Стојанов и Методиј Бужаровски во машка конкуренција, а Ива Димитриевска, Бојана Михајловска и Ана Стојановска во женска конкуренција.
Прва попатна станица на нашите репрезентативци беше турнирот Подгорица Опен, кој се одржа викендот пред Балканското првенство а нашите пинг понгари имаа одличен перформанс освојувајќи 8 медаљи во јуниорска и кадетска конкуренција.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Балканското првенство почна со натпреварите во екипна конкуренција, каде што момчињата со победа над Бугарија и девојките со победата над Косово успешно ги минаа групите и се пласираа во четвртфиналето. Во четвртфиналето за жал двете наши репрезентации беа сопрени од фаворизираните репрезентации на Романија, и завршија на 6та позиција.
Во поединечна конкуренција Методиј Бужаровски успеа да влезе во првите 16 играчи каде што загуби од третопласираниот на крај играч од Турција Yilmaz Tugay Sirzat, како и во дубл конкуренцијата во која Теодор Кировски и Методиј Бужаровски загубија од првопласираните пинг-понгари од Турција: Gunduz Ibrahim и Yigenler Abdullah Talha. На крајот најуспешна беше репрезентацијата на Турција освојувајќи ги сите златни медаљи на првенството во сите конкуренции.
Следна станица на македонските пингпонгари е Европското првенство за сениори и сениорки кое ќе се одржи во Луксембург во средината на месец септември.