По барање на сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко, Горан Попов ќе му се приклучи на тимот на Вардар, но тоа може да предизвика додатен проблем.
Имено, познато е дека Попов не е во добри односи со новиот тренер на Вардар, Чедомир Јаневски. Имено, Чеде во 2012 година кога беше на чело на репрезентацијата го избрка Попов поради недисциплина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тензијата меѓу нив двајца продолжи и во иднина, а каква соработка ќе имаат сега во Вардар, останува да видиме.
Попов требаше да го раскине договорот со Вардар и да се пресели во Катар, но откако трансферот му пропадна, по барање на сопственикот се врати меѓу „црвено-црните“.