Вардар повторно се сели, а откако играше на терените на ФФМ сега во Сабота против Беса ќе игра во Автокоманда.
Досега сезонава Вардар ги користеше терените на „Борис Трајковски“, терените на ФФМ, Арената „Тодор Проески“, а сега во рамките од 24. коло ќе бидат домаќини на теренот на ФК Скопје.
Тимот од Автокоманда утре му гостува на Работнички на Арената, па така Вардар доби прилика да го користи нивниот терен како домаќин за еден натпревар.