Алексис Санчез влезе во последната година од договорот со Арсенал, се очекуваше дека ова лето сигурно ќе ја промени средината, но Чилеанецот сеуште е на „Емирати“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Арсен Венгер во неколку наврати потврди дека Санчез сигурно ќе остане во Арсенал, дури по цена следното лето да го напушти клубот без обештетување.
Најсилен интерес за Санчез покажува Пеп Гвардиола, а агентот на фудбалерот потврди дека Манчестер Сити испратил богата понуда која Арсенал ја одбил.
„Можам да потврдат дека Сити не само што се интересира за мојот клиент, тукѕ и дека испрати богата понуда до Арсенал. Меѓутоа ’топџиите’ ја одбија понудата и ние мораме да ја почитуваме нивната одлука“, изјави агентот на Санчез.
Санчез нема да го продолжи договорот со Арсенал, а медиумите тврдат дека веќе има договор со Манчестер Сити.