Дома Фудбал Англија Официјално: Ерик тен Хаг е нов тренер на Манчестер Јунајтед

Официјално: Ерик тен Хаг е нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда, Ерик тен Хаг ќе биде нов тренер на Манчестер Јунајтед.

51-годишниот холандски стратег доаѓа од Ајакс, каде неколку години успешно го водеше гигантот од Амстердам.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед за предвремен раскин на договорот на Ајакс ќе му плати 2 милиони евра, а Тен Хаг потпиша договор до јуни 2025 година, со опција за уште една година.

„Многу сум возбуден. Голема чест е да се биде тренер на Манчестер Јунајтед. Ја познавам историјата на овој голем клуб и страста на навивачите. Способен сум да изградам тим кој ќе има успеси какви заслужува ваков клуб“, изјави Холанѓанецот.

Тен Хаг ќе треба да започне нова ера со „црвените ѓаволи“ после разочарувачката сезона и негова задача е во следните години да ги врати на врвот на англискиот и европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…