Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола истакна дека „граѓаните“ не смеат да си дозволат ниту еден кикс, ако сакаат да ја добијат борбата за титулата против Ливерпул.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Сити славеше со 3-0 против Брајтон и се врати на првото место на табелата, па сега имаат еден бод повеќе од Ливерпул на шест кола пред крајот на Премиерлигата.




„Не сме глупави, знаеме што треба да направиме, ова ни се случи пред три години, тогаш победивме 14 натпревари во низа за да станеме шампиони. Истото чувство го имаме и сега. Ќе станеме шампиони само во еден случај. Ако победиме се до крајот, ќе бидеме шампиони. Ако испуштиме бодови, нема да бидеме, знаеме дека Ливерпул ќе притиска“, истакна Гвардиола.