Дома Фудбал Англија Дерби на денот: Челзи и Арсенал во битка за Лондон

Дерби на денот: Челзи и Арсенал во битка за Лондон

Во сосема различна форма, Челзи и Арсенал се подготвуваат за битка во лондонското дерби во Премиер лигата кое ќе се одигра во среда на Стемфорд Бриџ.

Сините го победија Кристал Палас со 2:0 во нивното полуфинале во ФА Купот викендот, додека тимот на Микел Артета забележа трет пораз во низа при нивното гостување во Саутемптон.

Челзи фаворит во градското дерби


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Неуспехот да ја издржат битката за титулата во Премиер лигата, да ја освојат круната на ЕФЛ Купот или успешно да ја одбранат титулата во Лигата на шампионите се дамки во бележникот на Томас Тухел за оваа сезона, но „сините“ сега се само на 90 минути од завршување на сезоната со трофеј.

Рубен Лофтус-Чик и Мејсон Маунт во второто полувреме го скршија отпорот на Палас во полуфиналето на ФА Купот во неделата попладне, при што „сините“ ќе се соочат со Ливерпул по вторпат во финале на еден домашен куп по поразот на пенали во ЕФЛ Купот.

По испаѓањето од Лигата на Шампиони од Реал Мадрид, екипата на Тухел успешно докажа дека има сили да се врати на победите сезонава и веднаш славеше со неверојатни 6:0 над Саутемптон, со што ја зацврсти својата позиција на табелата во Премиер лигата – сега Челзи има пет бода повеќе од Тотенхем и има два натпревари помалку.

Поразите на домашен терен од Брентфорд и Реал Мадрид сепак може да доведат до чувство на страв меѓу навивачите на Стемфорд Бриџ пред натпреварот во среда, особено со оглед на тоа што тие победиле на само 50% од домашните натпревари во лигата сезонава за да соберат 26 поени на свој терен – осми сезонски резултат во лигата.

Арсенал во катастрофална форма во незгодно време

Дури и пред првиот судиски свиреж на Сент Мери, дел од навивачите на Арсенал веќе се плашеа од можноста Саутемптон да ја заврши својата лоша форма на натпреварот во саботата. Тоа и се случи, откако Саутемптон по катастрофалниот пораз од Челзи, славеше победа од 1:0 над Арсенал.

Арсенал едноставно не можеше да го најде патот до мрежата на Фрејзер Форстер, кој беше „исклучителен“ – како што рече фрустрираниот Микел Артета по мечот. Тој пораз беше трет во низа за Арсенал, кој дојде толку блиску до Лигата на Шампионите, но се чини дека ја пропушта можноста.

Освојувањето нула бодови и постигнувањето само еден гол на средбите со Кристал Палас, Брајтон и Саутемптон не само што ги загрози соништата на Арсенал, туку и нивните надежи за европски фудбал, бидејќи тимот на Артета сега падна на шестото место со само два бода повеќе од седмиот Вест Хем.

Со оглед на тоа што Спарс и Манчестер Јунајтед имаат тенденција да губат клучни бодови, Арсенал сепак би можел да заврши во топ-четири со победи над своите ривали, но ќе требаат да слават и во градското дерби со Челзи.

Дополнителен проблем е оа што капитенот Александре Лаказет е позитивен на КОВИД-19 пред судирот во Саутемптон, па Еди Нкетија повторно како и со Саутемптон ќе има задача да го води нападот на Стемфорд Бриџ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал Мадрид во победата над Аталанта 3:2 во шестио…