Првиот од трите потребни чекори за враќање во јадранската елита е направен, откако МЗТ вечерва, по голема борба и пред прекрасната публика, ја совладаа Сутјеска (73-68), во четвртфиналето од завршницата во НЛБ АБА2 лигата која се игра во „Јане Сандански“.
МЗТ можеби немаше убедливо водство но го контролираше натпреварот во сите 40 минути и не дозволи на ривалот воопшто да помисли на некаков изненадување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијан Николов со 17 поени и шест асистенции беше прво име во сино-белата чета, додека веднаш зад него беа Војдан Стојановски со 15 поени и Хуан Дејвис со 11 поени. За одбележување е и настапот на Дамјан Стојановски со девет поени и осум скока.
Противник на МЗТ во задутрешното полуфинале (21 часот) ќе биде подобриот од вечерашниот последен четвртфинален дуел помеѓу Широки и Спарс.
Фото: МЗТ Скопје