Дома Фудбал Лига на шампиони Нагелсман: Влогот е голем, не смееме да погрешиме

Нагелсман: Влогот е голем, не смееме да погрешиме

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман знае што треба да направи неговиот тим во дуелот против Виљареал во Лигата на шампиони.

Во првиот натпревар Баерн неочекувано загуби на „Мадригал“ со 1:0 од Виљареал, па е под притисок пред реваншот во Минхен.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


„Не можеме да му дадеме време на Виљареал да покаже квалитет на теренот. Мораме да правиме тактички рокади и да играме валкан фудбал кога е потребно. Мораме да ги казниме што воопшто не ги искористија шансите на првиот дуел“, изјави Нагелсман.

„Направивме премногу грешки на првиот натпревар и тоа ќе мораме да го сведеме на минимум ако сакаме пласман во следната рунда, бидејќи влогот е голем“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Тоти, пораките во телефонот на твојата сопруга се мои“: Откриени нови детали од неверството

Франческо Тоти е еден од најголемите фудбалери во италијанската и европската историја, но …