Манчестер Јунајтед поради лошите резултати го отпушти Оле Гунар Солскјер, а како привремено решение до крајот на сезоната беше доведен Ралф Рагник.
Од оваа ситуација сега доведувањето на Рагник не изгледа како добар потег затоа што неговите бројки се очајни. Јунајтед на табелата е поблиску да не игра во Европа, отколку да обезбеди место во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рагник според процентот на успешност не е ниту на 50%, а очекувано на врвот на оваа листа е Алекс Фергусон кој го направи Јунајтед најтрофеен тим на Островот. Токму после неговото заминување Јунајтед никако не може да пронајде вистинско решение на клупата.
Ќе потсетиме Рагник после епизодата на клупата на Јунајтед треба да се пресели како советник во спортскиот сектор, а ќе видиме на кого овој пат ќе се решат во Јунајтед да му ја дадат довербата да го води тимот.