Германскиот стратег Томас Тухел на некој начин ги потврди заминувањата на Кристенсен и Рудигер.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кристенсен како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во редовите на Барселона, додека за Рудигер во овој момент во игра се повеќе клубови. Тухел сега порача тоа што оваа сезона им се случува со Кристенсен и Рудигер да го избегнат со Канте и Жоржињо.




„Како тренер желба ми е да ги решиме договорите на Канте и Жоржињо летовот, гледате што се случува со Кристенсен и Рудигер. Би било убаво ако можеме да избегнеме такво момент“, изјави Тухел.




Ќе потсетиме, Челзи се уште нема нов сопственик, а додека е таква ситуацијата клубот не може да продолжува договори со фудбалери и да извршува било какви други трансфер активности.