Дома Фудбал Англија Гвардиола: И јас сакам да кажам дека сум најдобар, но не е така

Гвардиола: И јас сакам да кажам дека сум најдобар, но не е така

Во недела ќе се игра големото дерби во Премиер лигата помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, двата англиски гиганти се веројатно во овој момент се и екипите со најдобра форма во светот.

Јирген Клоп пред овој натпревар даде изјава во која истакна дека Гвардиола е најдобриот тренер во светот. Сепак, Шпанецот себе си не се гледа како најдобар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Благодарен сум на Клоп за комплиментите, нормално дека станав тренер за да бидам најдобар. Му благодарам ама јас не сум најдобар. Би сакал и јас да го кажам тоа, но не можам. Ривалството помеѓу Сити и Ливерпул во последните години започна да наликува на она помеѓу Ѓоковиќ, Надал и Федерер“, изјави Гвардиола.

Натпреварот помеѓу Сити и Ливерпул се игра во недела од 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно: Нејмар во ПСЖ добивал по 200.000 евра за аплаудирање на навивачите

Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде те…