Дома Трансфер зона Уште една ѕвезда на Фиорентина се сели во Јувентус

Уште една ѕвезда на Фиорентина се сели во Јувентус

Примарна цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека прва желба е дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, кој на лето сигурно ќе ја промени средината.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Миленковиќ има договор до 2023 година со „виолетовите“ и Јувентус веќе започнал преговори со неговиот агент.

Србинот има понуди од неколку англиски клубови, но тој сака да остане во Италија и да се пресели во Јувентус.

Фиорентина за неговата слобода бара 15 милиони евра, што нема да биде проблем за „бјанконерите“.

Ова значи дека после Киеза и Влаховиќ, уште една ѕвезда на Фиорентина ќе се пресели во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Хумелс се сели во Серија А

Дефензивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс може да ја продолжи кариерата во Серија А. …