Дома Фудбал Англија „Салах не треба да биде во стартниот тим на Ливерпул“

„Салах не треба да биде во стартниот тим на Ливерпул“

Поранешниот офанзивец на Ливерпул, Џон Олдриџ смета дкеа Мохамед Салах во овој период не треба да биде дел од првиот тим на Ливерпул.

Салах е пред потпис на нов договор со Ливерпул според кој ќе добива околу 600.000 евра неделна плата со што ќе стане втор најплатен фудбалер во Премиер лигата веднаш зад Роналдо.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Коментар за целата ситуација даде Олдриџ кој смета дека со формата која ја има Салах не заслужува место во првиот тим на „црвените“.

„Ако гледаме според формата, Мо не треба да биде во првиот тим. Колку и да е голем, колку и да го сакаме, ако судиме според формата јасно е дека има проблеми. Можеби луѓето ќе кажат дека размислува на договорот, но тоа не менува многу. Не постигнал гол од игра веќе шест недели..“, истакна Олдриџ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси ја покажа својата магија, но шоуто го украде Суарез (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами победија како домаќини Атланта Јунајтед со резултат 4:0, а нај…