Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров го скрати списокот за дуелите со Чешка

Лазаров го скрати списокот за дуелите со Чешка

Селекторот на  македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, го скрати списокот од 35 на 23 играчи со кои ќе и се спротивстави на Чешка во баражот за пласман на Светското првенство.

Лазаров ги избра ракометарите кои беа и на претходните скратени списоци, а собирот на репрезентацијата е во сабота од 18.30 часот, додека дуелите против Чешка се играат на 13 април на гости од 20.15 часот, по што реваншот е на 17 април од 19 часот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во комбинација за настап останаа и двајца дебитанти во имињата на Дарко Кондев и Петар Атанасијевиќ, кои ќе борат за местото десно крило покрај искусниот Гоце Ојлески. На списокот го нема повредениот Цветан Кузманоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…