Дома Топ вести Баерн најде замена за Левандовски

Баерн најде замена за Левандовски

Баерн Минхен покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пренесуваат медиумите.

23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Нкунку е дете на ПСЖ и пристигна во Лајпциг во 2019 година, а оваа сезона на 39 меча постигна 26 гола и запиша 15 асистенции.

Баварците веруваат дека Французинот ќе биде долгорочен наследник на Левандовски, кој веќе влезе во фудбалска зрелост. Притоа, полскиот напаѓач се уште го нема продолжено договорот и може да биде продаден на лето.

Токму Нкунку е причината поради која Баерн размислува за продажба на Левандовски и во наредните денови ќе започне преговори со Лајпциг.

Конкуренцијата за неговиот потпис е огромна, а Лајпциг за неговата слобода бара 60 милиони евра, што нема да претставува проблем за Баварците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер го „краде“ засилувањето на Манчестер Сити

Интер е силно заинтересиран за младиот стопер Џума Бах, кој моментално настапува за Ваљадо…