Дома Останати Кошарка НБА Катастрофа за Лејкерси!

Катастрофа за Лејкерси!

Ла Лејкерси се најголемото разочарување во НБА лигата.

После поразот од Феникс со резултат 121:110 Лејкерси останаа без шанси да заиграат во плеј-офот. Тимот кој пред две сезони беше шампион и во својот тим ги има некои од најдобрите играчи на денешницата како што се Леброн Џејмс и Ентони Дејвис на крајот на успеа да стигне до завршницата во сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џејмс не настапи во овој натпревар, па главни беа Расел Вестбрук со 28 поени и Ентони Дејвис со 21 поен и 13 скокови. Санси кои се екипата со најдобар скор во лигата (63:16) беа предводени од Девин Букер со 32 поени и Деандре Ејстон со 22 поени и 13 скокови.

Ова значи дека во плеј-офот од Западната конференција ќе одат Сан Антонио и Њу Орлеанс, благодарение на гостинската победа кај Сакраменто 123:109.

Сапрси порано го победија Денвер со 116:97, а на гостите не им беше доволен ниту фантастичниот Јокиќ кој оствари учинок од 41 поен и 17 скокови. На Истокот во плеј-офот ќе игра и Торонто кој славеше со Атланта со резултат 118:108. Одличен беше Паскал Сиакам со 31 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Филаделфија 122:131, Орландо – Кливленд 120:115, Бруклин – Хјустон 118:105, Мајами – Шарлот 144:115, Торонто – Атланта 118:108, Чикаго – Милвоки 106:127, Минесота – Портланд 98:94, Денвер – Сан Антонио 97:116, Јута – Мемфис 121:115 (пп), Сакраменто – Њу Орлеанс 109:123, Феникс – ЛА Лејкерси 121:110.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…