Претседателот на ФИФА, Џани Инфатино присуствуваше на настан во Фиренца на кој разговараше со новинарите, а во таа прилика ги налути фановите на Јувентус.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
При одговарањето на прашања од новинарите Инфантино случајно или намерно испрати провокација кон „старата дама“.




„Најважно е што ние сме во Фиренца, а Фиорентина победи, Јувентус изгуби, па така се е добро. Интер победи и затоа и јас сум среќен. Ова е идеален ден да бидеме тука во Фиренца“, изјави Инфантино кој важи за фан на Интер и во оваа прилика не го заборави големото ривалство помеѓу Јувентус и Фиорентина.




Фановите на Јувентус се револтиран и испраќаат критики кон првиот човек на ФИФА, порачувајќи дека како прв човек на ФИФА не смее да си дозволи вакви јавни настапи.