Младинската школа на Борусија Дортмунд последниве години произведе неколку одлични играчи, а според последните извештаи од Германија, на повидок е уште едно чудо од дете.
Јусуфа Мукоко во неделата постигна два гола на натпреварот помеѓу Борусија У-17 и Унтрехт. Тоа не би било ништо чудно Мукоко да нема само 12 години. Ни тоа не би било проблем, но младиот Германец на сите фотографии изгледа барем пет, или шест години постаро, што веднаш започна една стара приказна за годините на играчите со африканско потекло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мукоко е роден 20. ноември 2004. година во камерунскиот главен град Јаунде, а потоа брзо се преселил во Германија.
12-year-old Youssoufa Moukoko made his Bundesliga U17 debut yesterday & scored twice for #BVB!
Playing with kids 3-4 years older than him! pic.twitter.com/BWddCS9sOe
— FootballTalentScout (@FTalentScout) August 14, 2017
„Само што се роди го регистрирав во германскиот конзулат во Јаунде, така да нема никакви проблеми. Впрочем, не може да биде постар, бидејќи неговата мајка има само 28 години“, изјави неговиот татко Јосиф кој живее во Хамбург.
Мукако минатата сезона за Борусија У-15 постигна 33 гола во 21 натпревар, а веќе е на широката листа на германската У-15 репрезентација за која наскоро треба да настапи.
Головите на Мукоко на снимката можете да ги погледнете од 2:20.