Дома Фудбал Mихајловиќ од болница одржал говор натпреварот против Милан

Mихајловиќ од болница одржал говор натпреварот против Милан

Неодамна од Италија пристигнаа лоши вести дека на Синиша Михајловиќ му се вратила леукемијата и го чека нова битка со тешката болест.

Михајловиќ повторно е во болница, но и од таму не мирува и прави се за на најдобар начин да ја води Болоња. Италијанските медиуми пренесуваат дека српскиот стратег преку видео линк им се обратил на фудбалерите, посебно на оние кои имале национални обврски и не биле присутни кога беше откриено дека има нови здравствени проблеми.

Тој побарал од фудбалерите максимална пожртвуваност против Милан во натпреварот кој е закажан за понеделник и најавил дека на клупата на Болоња ќе се врати за неколку недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…