Дома Трансфер зона Овие фудбалери заминуваат од ПСЖ поради Нејмар

Овие фудбалери заминуваат од ПСЖ поради Нејмар

Работите се едноставни, ПСЖ мора да продаде најмалку четири играчи, да се ослободи од нивната плата за да може да остане во рамките на границата на финансискиот фер плеј.

Тоа го знае управата, како и тренерот Емери, а познато е и кој може да си оди. Орие е на чекор до Тотенхем, Матуиди е блиску до договор со Јувентус, иако Парижаните се затегнати околку оштетата. На листата уште се Бен Арфа кој пристигна како слободен играч и Криховјак кој Емери го доведе од Севиља и кој не успеа да се наметне.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Проблемот е во платите на играчите, Бен Арфа кој во касата би можел да влесе околку 10 милиони евра, има огромни примања, а Криховјак е на мета на англиските клубови, се споменува и враќање во Шпанија, но, сигурно дека ПСЖ нема да го пушти за помалку од 20 милиони евра.

Позајмицата би го спасила клубот само за да не ја исплатува платата, како што е случајот со Хесе кој си замина во Стоук. Што се однесува за Матуиди тој се договори со Јувентус, но Французите бараат 25 милиони евра, што Италијанците не сакаат да платат. Тие чекаат, верувајќи дека на крајот Ал Келаифи ќе ја спушти цената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…