Дома Македонски спорт Мак фудбал Финансиски проблеми во Слога Виница – фудбалерите започнаа со штрајк

Финансиски проблеми во Слога Виница – фудбалерите започнаа со штрајк

Македонскиот второлигаш Слога Виница е во борба за влез во првата македонска фудбалска лига, но овој клуб се соочува со финансиски проблеми.

Од клубот преку соопштение информираа дека фудбалерите започнале предупредувачки штрајк.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Почитувана јавност сакаме да Ве информираме дека денес се случи најнепосакуваното нешто за еден фудбалски клуб. Играчите на ФК Слога 1934 Виница денес почнаа со предупредувачки штрајк, поради доцнењето на платата за месец февруари. Управата имаше состанок со играчите и стручниот штаб и дојде до договор да се продолжи со тренинзи утре, а сабота да се одигра првенствениот натпревар“, стои во соопштението.

Во новото коло во првенството Слога Виница утре треба да се сретне против Детонит Јуниор на домашен терен.

Фото: ФК Слога Виница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…