Националната телевизија од Чиле лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Милан испратил богата понуда за Артуро Видал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милан е во потрага по квалитетен играч за врска, но ова е изненадување бидејќи Видал до сега не беше поврзуван со „росонерите“.
Имено, Националната чилеанска телевизија тврди дека Милан испратил понуда до Баерн Минхен од околу 60 милиони евра, притоа му нуди двојно поголема плата на фудбалерот.
Видал сака да се врати во Италија и во текот на летото беше поврзуван со Интер, па наводно веќе ја прифатил понудата на „росонерите“.
Сепак, Баерн тешко дека ќе дозволи заминување на својата ѕвезда, особено поради фактот што Видал е многу важен играч во формацијата на Анчелоти.