Дома Македонски спорт Мак фудбал Бруно го згасна мундијалскиот сон, но Македонија е горда на хероите🎥

Бруно го згасна мундијалскиот сон, но Македонија е горда на хероите🎥

Македонската фудбалска репрезентација беше поразена од Португалија со 2:0 и така згасна мундијалскиот сон.

Македонија одлично го отвори нареварот и игравме рамноправно во првиот половин час. Во 32-та минута Фернандеш украде една топката на нашата половина, а потоа Роналдо му асистираше во казнетиот простор за водство на Португалија од 1:0, резултат со кој се замина на полувреме.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Во вториот дел Македонија почна храбро, се ориентираше кон напад и се обиде да го израмни резултатот. Португалија добро се бранеше и во 62-та минута изведе одличен контранапад, кој со гол го заврши Бруно Фернандеш.

Македонија до крајот немаше сили за ново „чудо“, иако на 15 минути до крајот судијата Тејлор можеше да досуди пенал после стартот на Пепе врз Елмас.

Македонските репрезентативци одиграа храбро и испишаа нова страница во нашата фудбалска историја, па Македонија е и мора да биде горда на нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…