Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ вети премија од 4,5 милиони евра за победа против Португалија

ФФМ вети премија од 4,5 милиони евра за победа против Португалија

Македонската репрезентација вечерва во Порто го играат историскиот натпревар против Португалија за пласман на Светско првенство.

Фудбалерите ќе имаат дополнителен мотив на овој меч, откако Федерацијата вети дека за пласман на мундијалот ќе одвои 4,5 милиони евра премија за играчите.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Од ФФМ, сметаат дека со оваа награда ќе ги мотивираат фудбалерите да постигнат историски резултат и за прв пат во историјата на фудбалот во Македонија, да бидат меѓу учесниците на Светското Првенство во Катар.

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, пред заминувањето во Порто вети премија од 500 илјади евра, во случај Македонија да избори пласман на Мундијалот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…