Македонија игра финале! По елиминацијата на европскиот шампион Италија во Палермо, сега македонските фудбалери во Порто ќе биајат битка со Португалија за пласман на Мундијалот во Катар.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Составите се скоро познати и кај и кај Португалците. Кансело се враќа по казната отслужена на мечот со Турција и е подготвен да го заземе местото на Диого Далот на позицијата десен бек.
Отавио, го оправда својот повик против Турција со гол и асистенција и нема дилема дека ќе им се придружи на Јота и Кристијано Роналдо во првата напаѓачка линија, бидејќи Жоао Феликс не се наоѓа во посакувана форма и ќе стартува од клупата.
Според се, составот веројатно ќе биде ист како на мечот со Турција, со тоа што во него ќе влета Кансело. И покрај тоа што Пепе се приклучи на тренинзите, очекувањата се дека сепак тој ќе стартува од клупата за резерви.
Македонија ќе биде засилена со враќањето на Елиф Елмас и Тихомир Костадинов. Можно е двајцата да се најдат во стартниот состав, но веројатно и самиот Милевски сеуште не ги знае почетните 11, особено што ќе треба да го растури првиот тим од мечот со Италија.
Добро е што Адеми и Николов кои се пожалија на повреди на мечот со Италија, немаат проблем и се целосно спремни за настап, па од таа гледна точка Милевски ќе има слатки маки за да го одбере стартниот состав во средниот ред.
Можен стартен состав на Португалија:
4-3-3: Коста; Кансело, Переира, Фонте, Гереиро; Силва, Мутињо, Фернандеш; Отавио, Роналдо, Јота
Можен стартен состав на Македонија:
4-3-2-1: Димитриевски; С.Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски; Елмас, Адеми, Барди; Чурлинов, Трајковски, М.Ристовски (Миовски)