Дома Фудбал Репрезентации Tрајковски: Пандев ми се јави после победата против Италија

Tрајковски: Пандев ми се јави после победата против Италија

Maкедонија на „Драгао“ вечерва ќе се обиде да дојде до билет за Светското првенство Катар.

Пред овој натпревар човекот на одлука од тој натпревар Александар Трајковски зборуваше за „Блиц“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Топката дојде до мене, а јас не видов ниту каде е голманот или нешто друго…Сакав само да шутнам со сета сила па што биде нека биде, целата сила ја вложив во тој удар. Не можам да ви го опишам чувството кога видов дека топката влегува во мрежата“, изјави Трајковски.

Потоа беше запрашан дали Пандев би можел да се врати во репрезентацијата ако Македонија обезбеди пласман на Мундијалот во Катар.

„Горан ми се јави после победата против Италија, добро знае колку ни е важно ова на сите. Ни кажа дека на ист начин треба да играме и против Португалија, храбро. Не знам дали може да се врати, таков ас секако ни недостасува, но неговиот збор моравме да го почитуваме“, изјави Трајковски.

Натпреварот помеѓу Португалија и Македонија се игра вечерва од 20:45 часот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арсенал во директни преговори со Челси за една од ѕвездите

Лондонските ривали Арсенал и Челси влегуваат во директни преговори за трансферот на англис…