Дома Топ вести Еве како треба да изгледа Милан следната сезона📷

Еве како треба да изгледа Милан следната сезона📷

Милан игра одлична сезона и е лидер во Серија А, но „росонерите“ веќе работат на засилувања за следната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Веќе е познато дека на крајот на сезоната Франк Кеси и Алесио Ромањоли ќе го напуштат „Сан Сиро“ како слободени агенти, па Малдини работи на нивни замени.

Италијанските медиуми денес објавија какви се плановите на „росонерите“ и како треба да изгледа Милан следната сезона.

Како замена за Ромањоли и Кеси треба да пристигнат двете ѕвезди на Лил, Свен Ботман и Ренато Санчез, со кои Милан е во напредни преговори.

Приоритет ќе биде засилување за десната крилна позиција, а најголема желба е Доманико Берарди. Како засилување во нападот треба да пристигна и Дивок Ориги без обештетување од Ливерпул.

Од позајмица ќе се вратат Побега од Торино и Адли од Бордо, кои ќе бидат алтернатива за средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…