Дома Топ вести Позната примарната трансфер цел на Интер

Позната примарната трансфер цел на Интер

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека на врвот на листата желби е дефанзивецот на Торино, Глеисон Бремер.

24-годишниот Бразилец игра одлична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Бразилецот неодамна го продолжи договорот, но јасно е дека Торино нема да може да го задржи на лето.

Интер од јануари работи на неговиот трансфер и наводно веќе има договор со Бремер, па останува уште да најде заеднички јазик со Торино.

„Скај Италија“ пренесува дека трансферот би требало да изнесува 30 милиони евра, а за таа цел Интер е спремен да го продаде Де Врај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…