Дома Фудбал Репрезентации 20 репрезентации обезбедија место на Светското првенство во Катар

20 репрезентации обезбедија место на Светското првенство во Катар

Канада вчера стана 20. репрезентација која обезбеди место на Светското првенство во Катар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Канада ова е пласман на еден Мундијал после цели 36 години. Пред Канада место обезбедија: Катар, Германија, Бразил, Данска, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Швајцарија, Англија, Холандија, Аргентина, Иран, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Јапонија, Еквадор и Уругвај.

Вкупно има место за уште 12 селекции, а уште три ќе бидат од Европа. Ние се надеваме дека меѓу тие три селекции ќе биде и Македонија која утре го игра финалниот бараж натпревар против Португалија.

Од од квалификационата група на Северна и Централна Америка ќе дојдат уште две екипи, а тоа скоро сигурно ќе бидат САД и Мексико.

Преостанатите два учесници ќе се добијат после плеј-оф во кој силите ќе ги одмерат петопласираната екипа од Азија против петопласираната екипа од јужноамериканските кв аликации и четвртопласираната екипа од Северна и Централна Америка против претставникот на Океанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дибала сè поблиску до заминување, за неговата замена Рома ќе мора да издвои 55 милиони евра!

Рома бара засилувања во офанзивниот ред бидејќи се очекува Пауло Дибала да го напушти клуб…