Дома Македонски спорт Мак фудбал Ашковски: Ќе дадеме се за да ја израдуваме нацијата

Ашковски: Ќе дадеме се за да ја израдуваме нацијата

Стефан Ашковски беше дел од екипата која пред три дена во Палермо успеа да ја елиминира Италија, а сега најавува ново изненадување во Португалија.

Ашковски кој одигра триесетина минути во Палермо, вели дека репрезентативците ќе дадат се од себе за да ја израдуваат нацијата.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


„Емоциите стивнуваат полека, следува Португалија и ќе дадеме сѐ од себе за да ја израдуваме цела Македонија, нормално самите себе, но и да покажеме колку можеме. Убеден сум дека можеме многу. Не сакам да зборувам за квалитетот, сите знаат која е Португалија која според мене има сличен квалитет како Италија. Така да се надевам дека ќе одиграме уште подобро од тоа што одигравме со Италија. Португалија има добри индивидуалци, но во фудбалот поважен е тимот. И Италија има одлични индивидуалци, но видовме дека како тим не беа така сплотени“, изјави Ашковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Oхрид има големи планови: Во новата сезона ќе ги води екс-селектор на Македонија!

Никола Илиевски Џиџи ќе биде нов тренер на ГФК Охрид, објави порталот „Охридњуз“. Поранешн…