Дома Топ вести Милан спреми понуда за двете ѕвезди на Сасуоло

Милан спреми понуда за двете ѕвезди на Сасуоло

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан е силно заинтересиран за двете ѕвезди на Сасуоло, Скамака и Берарди.

Џанлука Скамака оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во Серија А и интерес за него покажуваат сите големи италијански клубови.

Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе спремил понуда за италијанскиот репрезентативец.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ го сакаат Скамака во „пакет“ со Берарди и за двајцата понудиле 45 милиони евра.

Сасуоло смета дека понудата е ниска, но двата клуба следната недела ќе започнат преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…