Дома Македонски спорт Адеми: Тешко е да се надигрувате со Португалија, но јас ја гледам Македонија во Катар

Адеми: Тешко е да се надигрувате со Португалија, но јас ја гледам Македонија во Катар

МаAријан Адеми одново покажа дека е вистински борец, па и покрај тоа што се мачеше подолго време со повреда собра сили да истрча против Италија и да биде одличен на теренот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После победата македонските репрезентативци станаа главна тема и во регионот, но и во светските медиуми. Адеми даде интервју за „Ал Џазира“ во кое порача дека верува во нов успех на Македонија.

„Во индивидуалниот квалитет има голема разлика помеѓу Италија и Португалија. Ќе играме против тим кој е опасен од сите страни и тешко е да се надигрувате со нив. Мислам дека можеме да го најдеме вистинското решение и ќе дадеме се од себе за пласман ан СП. Ги имаме наредните денови да се подготвиме и на најдобар начин да ги анализираме противникот. Лично јас ја гледам Македонија во Катар“, изјави Адеми.

Македонија против Португалија ќе игра во вторник од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …