Македонија во една година направи две огромни изненадувања и тоа на гостински терен, прво ја победивме Германија во групите, а сега и Италија во баражот, пред нашите момци сега е дуел со Португалија.
Македонските фудбалери се светски хит, не само кај нас и во регионот, туку и во светски рамки. Еден од нашите најдобри фудбалери во составот, Енис Барди нема зборови да го опише новиот историски триумф.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во ждрепката немавме среќа и се паднавме во најтешката група, но ние сме горд тим кој што верува во се што прави. Неверојатно е чувството да ја победиш Италија на нивни терен, сите знаеме колку е тоа тешко. Ако ја победиме и Португалија, нека ми го дадат пехарот, нема потреба да одам во Катар“, изјави Барди по историскиот триумф.
Победата на „Ренцо Барбера“ тешко да се објасни.
„Ова е победа за која нема објаснување. Очекувавме ваков натпревар против европскиот шампион, се браневме цело време, ја чекавме нашата шанса. На крај дојде голот во 92. минута. Полудевме од среќа“, додаде Барди.
Прославата веќе е зад нас, од денес фудбалерите имаат нова мисија во главата – Португалија!