Дома Фудбал Лига на шампиони Официјално: Ова се тројцата финалисти во битката за титулата најдобар играч во Европа (Фото)

Официјално: Ова се тројцата финалисти во битката за титулата најдобар играч во Европа (Фото)

Тренерите, играчите и новинарите ги изгласаа Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Џанлуиџи Буфон, кои влегоа во потесниот избор на играчи кои ќе се борат за епитетот најдобар во Европа за изминатата сезона.

УЕФА на официјалниот сајт потврди дека на церемонијата на ждрепката за следната сезона во ЛШ на 24. август ќе биде врачена наградата најдобар играч во Европа за 2016/17.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Без дилема, Кристијано Роналдо е главниот кандидат, со оглед на тоа дека ја освои ЛШ, постигна два погодоци во финалето, а претходно практично сам ги исфрли Атлетико и Баерн на патот до Кардиф.

Покрај нив тројца, во кругот на кандидати беа Лука Модриќ, Тони Крис, Паоло Дибала, Серхио Рамос, Килијан Мбапе, Роберт Левандовски и Златан Ибрахимовиќ.

Инаку, Меси и Роналдо на два пати ја освојуваа оваа награда, а Иниеста и Рибери по еднаш.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…