Македонската фудбалска репрезентација вчера приреди вистинска сензација совладувајќи ја Италија на гостински терен во Палермо.
Александар Трајковски го постигна голот со кој ги „нокаутиравме“ Италијанците во 92. минута, а тоа донесе радост и емоции кај нашите фудбалери. Солзите едноставно беа тешко да се задржат, европски првак не се победува секој ден во бараж за Мундијал…

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Од денес со мислите на Португалија, падна Германија, падна Италија – зошто да не и Португалците? Момци направивте Македонија да верува во вас и да се гордее.
Фото: Димитар Петковски