Дома Македонски спорт Трајковски го постигнал последниот гол за Палермо пред банкротот, а сега ја „банкротираше“ Италија

Трајковски го постигнал последниот гол за Палермо пред банкротот, а сега ја „банкротираше“ Италија

Херој на Македонија вчера беше Александар Трајковски кој им пресуди на „Аѕурите“ со својот гол во 93. минута.

Трајковски на Сицилија е како дома затоа што четири години помина во редовите на Палермо од 2015 до 2019 година кога клубот банкротираше, потоа се формираше нов клуб кој денес е во третата лига во Италија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанските новинари забележаа еден интересен податок – Трајковски го постигнал последниот гол за „вистинскиот“ Палермо пред клубот да банкротира, а сега три години подоцна на Сицилија ја „банкротираше“ Италија.

Ќе потсетиме Трајковски и даде гол на Италија и во ремито во октомври 2017 кога одигравме 1:1.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

На поранешниот напаѓач на Ливерпул му се заканува затворска казна!

На некогашната ѕвезда на англиската репрезентација, Ендру Керол (36), му се заканува затво…