Дома Фудбал Манчини: Во плеј-оф нема фаворити, Македонија има одличен тим

Манчини: Во плеј-оф нема фаворити, Македонија има одличен тим

Македонската репрезентација утре во Палермо ќе го одигра историскиот натпревар против Италија во баражот за Светско првенство.

Селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини на денешната пресконференција изјави дека во баражот нема фаворити.

„Имавме само половина ден да се подготвиме, но ќе направиме се за да го добиеме мечот. Во баражот нема фаворити, мечот почнува од 0:0 и треба да покажеме дека сме подобри за да победиме. Нема фаворити во овој плеј-оф и секоја репрезентација може да се пласира на мундијалот во Катар“.

„Македонија има одличен тим, тие успеаја да ја победат и Германија на гости. Тоа доволно говори за каков противник се работи. Не треба да брзаме, знаеме дека имаат одлична одврана и дека се бранат добро. Ако го загубиме трепението се ќе биде многу потешко“, истакна Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул следи дефанзивец споредуван со Варан, но Ленс има силен адут

Исмаело Ганиу е меѓу дефанзивните опции што ги разгледува Ливерпул. Младиот фудбалер има д…