Дома Топ вести Три клуба се борат за потписот на Погба

Три клуба се борат за потписот на Погба

Пол Погба на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед како слободен агент, а трката за неговиот потпис веќе започна.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Англиските медуми пренесуваат дека три клуба ја водат главната битка за неговиот потпис и веќе започнале преговори со неговиот агент Мино Раиола.

Станува збор за ПСЖ, Реал Мадрид и Јувентус кои веќе доставиле свои понуди за потписот на Погба, кој уште сега е слободен да потпише договор со друг клуб.

ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата и се спремни на Погба да му понудат плата што другите заинтересирани клубови не можат да си дозволат.

Поради тоа „светците“ се посочуваат како фаворити, но и другите два клуба се уште се во трката, бидејќи Погба нема донесена конечна одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…