Aрсен Венгер и управата на Арсенал цврсто стојат на ставот дека Алексис Санчез не е на продажба, но „граѓаните“ спремаат „непристојна“ понуда за услугите на Чилеанецот која можеби ќе ги принуди „топџиите“ да ја променат одлуката…
Додека фудбалското внимание на трансфер пазарот е насочено кон трансфеот на Кутињо во Барселона, во позадина се одвива вистинска сапуница поврзана со иднината на напаѓачот на Арсенал Алексис Санчез.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сите светски медиуми како главен кандидат за доведување на Санчез го истакнуваат француски ПСЖ, а причина за такво нешто беше локацијата од каде Санчез пред некој ден објави твит на социјалната мрежа Твитер.
Но, сега „Телеграф“ пренесува дека Манчестер Сити испратил понуда од 66 милиони евра и неделна плата за Санчез од 440.000 евра, плус бонуси и сите права од продажбата на неговите дресови.
Кога би се прашувал само Санчез веројатно трансферот брзо би се реализирал, одличниот напаѓач со задоволство повторно би соработувал со Пеп Гвардиола, меѓутоа Арсенал не попушташе, барем не до овој момент.
Сепак, до затварање на трансфер периодот остануваат уште половина месец, па можеби желбата на Санчез ќе биде пресудна тој да се го напушти „Емирати“.